Температурите во опаѓање, а веќе во октомври го очекуваме првиот снег

Според најновите анализи кој ние ги направивме со најпрецизните метеоролошки модели истите укажуваат на тоа дека во текот на месец октомври може да го очекуваме и првиот снег во Македонија за оваа сезона и тоа на планинските и повисоките места, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Температурите нормално како што повеќе навлегуваме во есента истите се повеќе ќе бележат тенденција на опаѓање. Неофицијално на видик значително постуден воздушен бран од север во склоп со формирање на циклонски систем би условил врнежи од дожд и снег на планините и тоа некаде околу 4, 5 октомври. Доколку работите не се изменат овој циклон ќе донесе доста ниски температури на воздухот како и снег на планините ширум регионот но и во Македонија.

Условите за ова да се оствари се некаде 60% што како што кажавме и напоменуваме е сеуште неофицијално. Работата будно ќе се следи и понатаму па така граѓаните ќе бидат навремено информирани за секоја ново настаната состојба или евентуална измена во прогнозата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.