Тежок инцидент вечерва на селска слава во прилепско – Со автомобил влетал меѓу насобраните мештани, меѓу кои имало 20-тина деца? МВР НА ПОТЕГ! (ВИДЕО)

Teжок инцидент се случил вечерва во село Секирци, општина Долнени, кога лице во алкохолизирана состојба со автомобилот влегол во толпа луѓе.

Голем број жители на ова и околните долненски села вечерва за Спасовден биле собрани на прослава, кога од нигде никаде дошол извесен Фикрет од село Пешталево и според кажувањето на мештаните, лудувал со автомобилот, а насобраните луѓе бегале да спасат жива глава.

Меѓу насобраните жители имало и дваесетина дечиња, кои преплашени од разбеснетиот возач бегале и плачеле. После тоа организаторите на прославата повикале полиција, а пијаниот возач направил инцидент и пред полициските службеници, удирајќи еден од организаторите со тупаница, на што според кажувањето на присутните, униформираните лица не реагирале.

За среќа во целиот инцидент нема повредени лица, а не е познато што го натерало жителот на Пешталево да предизвика ваков инцидент, и да го загрози животот на 20-тина дечиња, кои со своите родители, баби и дедовци биле присутни на прославата за празникот Спасовден.

Останува МВР да ги утрврди точните причини за настанот и да преземе се’ што е потребно ова лице да одговара за стореното дело.

Во продолжение и дел од траорните сведоштва на мештаните за овој немил настан:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.