Синоќа после концертот на српската турбо фолк пејачка Теа Таировиќ, што се одржа на отвореното Ракометно игралиште во Битола се случил немил крвав настан.
-На 22.07.2023 полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициска станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичка пресметка, која е пријавена околу 00.47 часот.
Според пријавеното, на ракометното игралиште во Битола дошло до меѓусебна физичка пресметка помеѓу две групи, меѓу кои и малолетници, во која бил употребен и остар предмет, а две малолетни лица и еден 19-годишник со повреди биле пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
По целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од СВР Битола.