Театарската работилница Прилеп ќе гостува на манифестацијата Денови на македонската култура во Ниш

Театарска pаботилница Прилеп и ЦК „Марко Цепенков’ на покана од здружението на граѓани “Вардар” од Ниш ќе гостуваaт на Денови на македонската култура во Ниш на 12- ти и 13- ти септември.

Гостувањето е со музичко – поетска вечер и претставата монодрама Delirium tremens од Благоја Ристески Платнар, во режија и изведба на Игор Трпчески и со учество на Димитар Ѓорѓиевски, Менде Костоски, Филип Јездиќ и Томе Темелкоски.

Поетската вечер ќе се одржи во библиотека Стеван Сремац, а претставата ќе биде изведена во Академијата за уметност во Ниш.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.