Театарот „Војдан Чернодрински“ со “Арапска ноќ” ќе настапи на фестивалот “Млад отворен театар”

Театарот „Војдан Чернодрински“ на 18 септември 2019 г. со претставата „Арапска ноќ“ ќе настапи на годинaшниот фестивал Млад отворен театар во Скопје (МОТ).

Публиката ќе може да ја проследи претставата работена по текст од Роланд Шимелфениг, во режија на Зоја Бузалковска, во која играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски. Музиката е на Фолтин, а сценографијата и костимите на Јулијана Војкова Најман.

Скопската публика ќе може да ужива во „Арапска ноќ“, претстава што е современа приказна за една чудна ноќ на станарите на еден станбен блок, во една зграда иста како илјадници други, приказна која го прикажува нивното магично отклонување од механизмот на секојдневието.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.