Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Семејни приказни“ од Биљана Србљановиќ, во режија на Милош Б. Андоновски, на 11 септември 2019 гостува во Струмица.
Од 20.00 часот утревечер /среда/ претставата ќе биде изведена на 27-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.
Струмичката публика ќе може да ја гледа претставата во која се говори за детството. Ќе разбере за приказните кои кога ги гледаме оставаат еден горко-сладок вкус зашто некои нешта можеби и не требале да бидат такви, додека пак други, за среќа, не се случиле поинаку.
Оваа претстава му се обраќа секому.