Театарот „Војдан Чернодрински“ со претствата „Обѕрни се во гнев“во режија на Kристина Димитрова, на 18 мај 2018 гостува на Фестивалот на малите театарски форми во Враца, Бугарија. Ова е еден од најстарите театарски фестивали во Бугарија, со долгогодишна историја.
Податоци за претставата:
Автор: Џон Озборн; Режија: Кристина Димитрова; Драматурзи: Ивана Нелковска,Лидија Митоска-Ѓорѓиевска; Сценографија и костими: Илина Ангеловска
Музика: Дарија Андовска; Превод: Лидија Митоска -Ѓорѓиевска
Играат:
ЏИМИ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ, АЛИСОН – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА – КЛИНЧЕСКА, КЛИФ – ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ, ХЕЛЕНА – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА
Џон Озборн верува дека театарот треба да се базира на чувствата и животот на луѓето. Поради тоа, најмногу се занимава со оној вид на театар што нуди витална, емоционална динамика, театар што продира низ класните бариери и сите препреки поставени кон патот на чувствата. Убеден е дека ни требаат нови театарски чувства, како што ни треба и нов театарски јазик.
„Обѕрни се во гневот“ ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла.
Се работи за побуна против светот во којшто владеат материјалните вредности, лицемерието на општеството кон луѓето што се борат за својот напредок а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста… Текстот се поставува по точно 60 години од неговата прва изведба, a темите кои ги обработува, денес сеисто толку актуелни како во времето кога е напишан.