ТД АТЛАС ИНВЕСТ ДОО ОБЈАВУВА: Oбјава за продажба на деловен простор – Хотел во Прилеп по пат на јавно наддавање

 

objava-page-001

Опис на недвижноста

– Комплетно реновиран и функционален сместувачки капацитет категоризиран со 3 (три) звезди

– superior, кој располага со 12 соби и 5 апартмани односно 50 легла опремени со најсовремен инвентар

– Лифт

– Ресторан со сместувачки капацитет од 100 места за седење со коплетен инвентар со систем за затворања на тераси за користење во зимскиот период

– Комплетно уредена кујна по HASSAP – стандарди

– Три канцеларии

– Централно ладење и греење (комплет уредена котлара по највисоки стандарди)

– Систем за соларна енергија

– Комплетен противпожарен систем

-Аларм и систем за видео надзор

– Најсовремен систем за контрола на пристап

– Компјутери и компјутерски софтвер за хотелско и ресторанско работење

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Деловниот простор со кој што стопанисува ТРГОВСКО ДРУШТВО АТЛАС ИНВЕСТ може да биде продаден на правни и физички лица (домашни и странски).

Деловниот простор се продава во моментално видена состојба комплетно со инвентар. Разгледување на објектот и подетални информации поврзани со истиот секој работен ден од 08-16 ч.

Продавањето на деловниот простор се врши по пат на прибирање на понуди со јавно наддавање.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање комплетирана со следните докази:

1. Пријава од подносителот, во која се наведени податоци за подносителот на пријавата       ( име и презиме, односно:назив, адреса, контакт телефон,е- маил.).

2. Банкарска гаранција или депозит за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање во износ од (5% од проценета вредност) со рок на важност од 60 дена од денот на јавното наддавање

3. Доказ за идентитет на понудувачот

– За физичко лице – уверение за државјанство, во оригинал или копија заверена на нотар, не постаро од 6 месеци

– За правни лица – доказ за регистрација на правно лице во соодветниот регистар, во оригинал или копија заверена на нотар, не постара од 6 месеци

Потребните документи заинтересираните лица можат да ги достават во архивата на АТЛАС ИНВЕСТ ДОО ПРИЛЕП најдоцна до датумот наведен за прибирање на во затворен коверт.

Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на јавното наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат известени.

РОКОВИ

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават во рок почнувајќи од 10.12.2016, година заклучно до 25.01.2017 година.

Јавното наддавање ќе се одржи во просториите на Хотелот АТЛАС СИТИ ЦЕНТАР Прилеп на Бул. Гоце Делчев ББ, и ќе започне на 27.01.2017 година-10 часот.

ПОСТАПКА

1. По приемот на пријавата, АТЛАС ИНВЕСТ Прилеп ја утврдува комплетноста на документацијата согласно условите на објавата, по што ги известува подносителите на пријавите.

2. На подносителот на пријавите кои се комплетни, АТЛАС ИНВЕСТ Прилеп во рок од 3 дена од денот на доставувањето на пријавата им доставува известување за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

3. Јавното наддавање ќе се одржи доколку учесниците ги исполнуваат условите дадени во објавата.

4. Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата.

5. Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на деловниот простор и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците. Со почетокот на јавното наддавање учесниците може да ја прифатат, односно зголемуваат цената на деловниот простор од најмалку 2% во прв чекор (35440 евра).

6. Секој нареден чекор на наддавање после почетниот не може да биди помал од 1% (17720 евра) без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал определен во објавата учесниците продолжат со наддавање

7. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата ако нема нова дадена понуда.

8. АТЛАС ИНВЕСТ Прилеп по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

9. Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до АТЛАС ИНВЕСТ Прилеп

10. За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна највисока вкупна цена, која преставува највисока цена за продажба на деловниот простор.

11. Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на приемот на писменото известување за избор е должен да ја уплати вкупната сума од јавното наддавање за продажба на деловниот простор, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана.

12. Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во моментот на склучување на Договорот за купопродажба.

13. По завршување на постапката за јавно наддавање со најповолниот понудувач во рок од 5 (пет) работни дена по извршената уплата на цената на деловниот простор, се склучува договор за купопродажба на деловниот простор со што сопственоста преминува на име на Купувачот.

14. Обврската за трошоци за солемнизација на договорот, ДДВ и обврската за исплата на данокот на промет паѓаат на товар на купувачот на деловниот простор.

АТЛАС ИНВЕСТ Прилеп




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.