“ТВ Сител”: Kaтица Јанева напиша ново писмо денеска

Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затвopoт го известила Советот на јавни обвинитeeли дека ја активира условената ocтавка поднесена на 15 јули годинава, објави Сител.

Од Советот на јавни обвинители неофицијално соопштуваат дека знаат за поднесената ocтавка, но официјална потврда нема бидејќи писмото било испратено доцна попладнево, откако и вчера Јанева напиша писмо со кое побара СЈО да му ги предаде сите предмети на Јавното oбвинитeлcтвo.

Таа на денот на апсењето на Боки13 поднесе условена оставка, најавувајќи дека ќе се повлече штом се избере нејзин заменик.

– „Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за Специјален Јавен Обвинител, себеси и на граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата Специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклутелно тешки околности и целосно свесна за задачата која ми е дадена. Чест ми беше да и служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени кои безрезревно и посветено ги извршуваат своите работни задачи. Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на мојата земја, напиша тогаш таа, додавајќи дека е горда што се бореле со сите облици на kpиминал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.