ТВ серија која во гледаност ги надмина “Game of Thrones” и “Breaking Bad”: Едноставно мора да се проследи (ВИДЕО)

Новата ТВ серија “Чернобил” многу брзо после премиерата стана најгледаната ТВ содржина според податоците на IMDB, прескокнувајќи ги долгогодишните омилени серии во јавноста како што се “Game of Thrones” и “Breaking Bad”.

Моменталната оцена на серијата е 9.7

Серијата е дело на продукциската куќа “Sky Original” и е во пет делови. Приказната претставува драматизација на нуклеарната катастрофа oд 1986 година во нуклеарната централа Чернобил во Украина и последиците од истата.

Главните улоги во серијата ги толкуваат Џеред Харис, Стелан Скарсгард, Емили Вотсон и Џеси Бикли. Досега истата доби 5 ѕвездички, а првата епизода за многу кратко време ја погледнале 2 милиони луѓе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.