Вицепремиерот Бујар Османи, кој викендов во сопствена продукција „снимал филм“ за тоа на колку институции во Република Македонија немаат двојазични табли, доби бројни предлози од граѓаните на социјалните мрежи како да ја продолжи серијата.
Меѓу останатите е и предлогот објавен на Твитер:
– А да му се јави Бујар на градоначалникот на Зајас, Бесим Велиу, и да го праша зошто не го почитува законот за знамиња. И кога ќе го тргне огромното што се вее од туѓа држава?- пишува корисникот на Твитер.
Како што објавивме, Османи во саботата самоиницијативно шетал со автомобил низ Скопје, се јавувал на директори на државни институции кои се уште не ставиле двојазични табли (и на албански јазик). Сето тоа Османи го снимал и го објави видеото на својот профил на Фејсбук.