Твитерџија го разобличи кандидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески, министер за транспорт и врски во Владата што ја преименува Република Македонија, кој на вчерашната 15-годишнина од смртта на поетот и писател Петре М. Андреевски „се сети“ на авторот на „Пиреј“, за кој „голем срам е, ести голем, ако останеме без нашето име“?!
Да му кажеме на Сугаре што напишал Петре за тие како него од СДСМ?
Не е срамно ако умреме до еден,
но голем срам е, ести голем,
ако останеме без нашето име
од кое уште се плашат ко од чума.
А без име, векутуми, а без него
и гробовите ќе ни бидат празни. pic.twitter.com/JJU0vL0ZAv— Stephen (@d_dedalus) September 25, 2021