Таceвски: Ќе има излезнocт, ама тие непapтиските глacaчи нема да глаcaaт за СДCM

Хронична грешка на СДСМ која се провлекува 30 години е што ги потценуваат гласачите, народот, вели Сашо Тасевски.

-Веруваат дека оние непартиски гласачи кои не гласаа на референдумот, нема да излезат и сега. Ќе има излезност. И тие непартиските гласачи нема да гласаат за СДСМ. Не е сега 2016 година. СДСМ нема никаква поддршка кај неутралните. Баш никаква. А тие ќе одлучат на терен, вели актерот.

Додава дека неговите прогнози можеби некому звучат нереални, но тоа е нивем проблем.

-Еве ја прогнозата: Во петката, Дурловски иако психички недоволно подготвен за изборна кампања, убедливо ќе ја победи Шеќерка. Оти неа никој никогаш не ја сакал. Се надевам дека после тој дебакл, таа ќе најде сили политички да се пензионира. Гога Јога ќе го победи Димитров во кецот. Во Скопје сепак се повеќе оние кои Димитров го чувствуваат поинаку отколку дамите кои имаат еротски фантазии со него. За насилната промена на името, СДСМ во кецот ќе плати страотна цена. Исто ќе биде и во тројката, па дури и во четворката, ако е таму Заев против Николовски. Таму разликата може да биде тесна. Шестката е секогаш загубена за сите. Таму се знае кој е господарот. Тој дел прв и ќе се федерализира до крајов на деценијава. Ете што мислам, без купени анкети од анкетари и маркетинг агенции, прогнозира тој.

Додава дека СДСМ на терен ќе загуби сигурно, без разлика какво е ова ВМРО.

-Нереформирано, вакво или онакво. Не се чудете дека ќе биде така. Не зашто гласачите се глупи како што тоа сакаат да ви го прикажат лигавите бранители и чкрабала на СДСМ, туку затоа што, штетите кои ги направија и скандалите кои ги слушаме од новите бомби, не може да ги проголта никој. Особено не оние кои им веруваа на СДСМ дека ќе се справат со најтешките бандити во олигархијата. А излезе они се договарале и преговарале со нив, за двострано задоволство. Оти чеда божји, јас што ќе кажам и поп што ќе отпее, тоа е, порача Тасевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.