Додека алкохолот е “табу” тема во многу репрезентации, Хрватите по секоја утакмица празнат гајби со пиво во соблекувалната и тоа воопшто не го кријат од јавноста.
Фотељата е подготвена, грицките се на маса, на ТВ само што не започнала утакмицата. За совршено доживување и задоволство потребно е само уште ладно пиво. Од навивачки агол , уште да победи екипата за која се навива, се би било совршено.
Но што ако ова не е само од навивачки агол, туку и од агол на играчите. Бидејќи, ако ја земеме за пример Хрватска, тогаш би можеле да донесеме заклучок дека пивото е причината за нивниот историски резултат. Јасно, тие се врвни фудбалери, но неможеме а да не забележиме дека Хрватите се постојано со пивото во раце. Но никој не им замерува, тие се во финале на Светско првенство.
Да заклучиме… Пиво, пред и после утакмица е добра идеа. Наjверојатно го буди поведничкиот ген во играчите и ги “турка” кога е најтешко. Барем така изгледа.