Во најтесниот избор за оваа „титула“, покрај Трамп беа и неговата демократска противкандидатка на претседателските избори и поранешен американски државен секретар Хилари Клинтон, рускиот претседател Владимир Путин и пејачката Бијонсе.
Трамп ја поздрави ваквата одлука на „Тајм“, нагласувајќи дека тоа за него претставува „голема, многу голема чест“.
-Ова ми претставува голема чест, посебно затоа што пораснав читајќи „Тајм“, изјави Трамп.
„Тајм“ на својата насловна страна објави фотогарфија на Трамп, пропратена со текст „претседател на поделените американски држави“