ТАТНЕ ЦЕЛ СИБИР ОД АВИОНИТЕ И ТЕНКОВИТЕ НА ПУТИН! Стартуваше најголемата воена вежба! Вакво нешто не се гледа секој ден (ФОТО+ВИДЕО)

На самиот исток од Русија денеска започнаа најголемите воени маневри во Русија во последните 37 години.

Во вежбата наречена “Исток-2018” учествуваат речиси 300.000 војници, повеќе од 1000 авиони, хеликоптери и беспилотни летала, 36.000 оклопни возила и 80 бродови.

Во овие вежби свое учество има и монголската армија со 3200 војници, како и кинеската народна армија со своите авиони и воена техника.

Воената вежба ќе трае до крајот на неделата на подрачјето на источен Сибир и рускиот Далечен исток. Светската јавност чека да види како функционира новиот вооружан репертоар на руската војска кој ќе биде прикажан на вежбите.
Особено важни се ракетите Искандер кои можат да носат нуклеарни глави, потоа новата генерација тенкови Т-80 и Т-90, но и најновите борбени авиони Су-34 и Су-35.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.