Татко од Австралија ја тужел својата ќерка бидејќи му било доста од плаќање за нејзиниот факултет, барајќи да му ги врати парите.
Девојката студирала архитектура на Универзитетот во Виена, а таткото смета дека нејзиното школување трае предолго. Поради тоа поднел тужба, барајќи од ќерката да му врати 24.000 евра.
Несудената архитектка студирала 13, додека просекот на студирање на тој факултет трае 8 семестри.
Бидејќи основниот суд не пресудил во негова корист, нервозниот татко поднел жалба до Врховниот суд. Судот утврдил дека таткото е обврзан да плати само 10 од вкупно 13 семестри на неговата ќерка.
Ф.Г.