Татко со месеци ја силувал ќерката

Вчера во 12 часот во ПС-Кичево, 24-годишно женско лице од село О.Пласница, пријавила дека во нејзиниот дом во последниве два месеци, а последен пат на 16 јануари околи 06:40 часот, од страна на нејзиниот 55-годишен татко и била извршена присилна обљуба.

siluvanje-zena

Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР-Кичево.

Бидејќи лицето било со умерена ментална попреченост, известен бил Центар за социјални работи-Кичево и извршен е разговор со истата по што била однесена на гинеколошки преглед во кичевската болница.

Осомничениот е лишен од слобода и против истиот по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.