Таткото ја зел правдата во свои раце: Стигнал пред полицијата и со дрвена палка го претепал силувачот на ќерка си!

Минатиот четврток се случи злосторство во областа Берг ам Лаим во Минхен. Меѓутоа, полицијата извести дека пред апсењето на 37-годишникот дошло до физичка пресметка меѓу него и таткото на жртвата, јавуваат медиумите.

Според полицијата, во станот заедно живееле 19-годишна девојка и маж (37). Мажот наводно ја претепал девојката и ја принудувал на сексуални дејствија. Девојчето успеало да го напушти станот, но тој тргнал по неа.

Почнале да се расправаат, а мажот ѝ се заканил со остар предмет. Тогаш девојката му кажала на својот татко каде е и тој тргнал кон неа. Ја повикал и полицијата која пристигнала со пет возила.

Пред полицијата пристигнал таткото и со дрвен стап го претепал 37-годишниот маж кој подоцна добил кривична пријава за сексуални престапи и закани, а судијата распишал налог за апсење.

Приведен е и таткото на младата девојка кој мора да одговара за нанесување телесни повреди. Откако полицијата го испрашала, тој бил пуштен на слобода.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.