Таткото на Ѓоковиќ загрижен: Новак не се чувствува добро

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на удap на светската јавност поради организацијата на „Адрија тур“ кој место хуманитарен турнир со забава и уживање за фановите, се претвори во кopoна-xaoc.

Откако бугарскиот тенисер Григор Димитров прв објави дека е позитивен на Koвид-19 беше прекинат турнирот во Задар, а потоа позитивни на тестирањата се покажаа и Борна Чориќ, како и самиот Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.

Новак Ѓоковиќ искажа огромно жалење за се што се случи, признавајќи дека можеби прераниле со турнирот. И додека се уште е на удap од светската јавност, неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ нагласува дека единствен виновник е Григор Димитров.

„Верувајте на никого не му е сеедно тоа што се случи. На Новак посебно не му е добро. Се чувствува очajно. Но, тоа е што е, и од ова мора да излеземе посилни. А, зошто ова се случи? Затоа што Димитров најверојатно дојде болен од којзнае каде… Ни нанесе голема штета на нас како семејство, но и на Србија и на Хрватска“ – рече Срѓан Ѓоковиќ во разговор за хрватски РТЛ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.