Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, синоќа во емисијата на „Клик Плус“ на ТВ21 го испpовоцира опонентот од ДУИ, Артан Груби, дека половина од партиските членови на владиниот коалиционен партнер нема да гласаат за Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори, туку за Блерим Река.
Ова е уште една „отpoвна cтpела“ на градоначалникот на Гостивар пpотив власта, откако претходно како гостин во Алсат рече дека во вториот круг од претседателските избори ќе учествуваат Река и Гордана Силјановска Давкова.
Река има поддршка од опозициските албански партии Алијансата за Албанците и Беса, додека ДУИ се договори со СДСМ заедно да го поддржат Пендаровски.
Инаку Груби, за поддршката на ДУИ за Пендаровски, рече дека во 2014 година тој бил партиски канидат на СДСМ, додека сега неговото кадидирање било концепт кој ќе го промовира и неговата партија.
Инаку Таравари самиот призна во емисијата дека на претходните избори гласал за Пендаровски во вториот круг во 2014-та.
Извор: infomax.mk