Опозициските партии во Македонија велат дека доцнењето во процесот на снабдување со вакцини ја покажува неспособноста на владините преставници.
-Сметам дека ние како држава заглавивме во договорите направени со компаниите што произведуваат вакцини, а исто така и во врска со програмата COVAX, вели за Радио Слободна Европа, Арбен Таравари од опозициската коалиција, Алијанса за Албанците – Алтернатива.
Таравари, кој претходно беше на чело на Министерството за здравство, е скептичен дека Македонија може да започне масовна кампања за вakцинација пред мај или јуни.
Андон Чибишев, кој е член на собраниската Комисија за здравство, исто така ја обвинува владата за неспособност поради доцнењето во обезбедувањето на вакцината.
-Еднаш не уверуваа дека сè е во ред, дека нашите власти постигнаа договор да обезбедат 500 илјади или 800 илјади дози преку системот COVAX и тогаш се покажа дека овој систем не работи и дека нема да добиеме вakцини. Слушнавме дури и изговори од претседателот на државата и министерот за здравство дека сме многу мал пазар, затоа сме игнорирани, рече Цибишев, кој доаѓа од редовите на македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ.