Таравари: Заев ќе доживее дебакл на изборите

Причината за тоа што на Зоран Заев му се брза час поскоро да организира избори е фактот што СДСМ на анкетите не стои најдобро и од ден во ден нивниот рејтинг е се помал, вели градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари за Инфомакс.

Според него поради катacтpoфалната состојба во државата на здравствен и економски план, Зоран Заев ќе доживее дебакл на изборите.

-Гледате дека според анкетите СДСМ не стои баш најдобро. Потоа ова што се случува е веќе загрижувачки, повеќето граѓани ако не веруваа на институциите после овие настани уште повеќе нема да веруваа. Знаете економската kpиза веќе ни е пред праг, толку резерви имаат граѓаните, ги потрошија, се исплашија и никој не мрда ништо. Знаете тие луѓе кои работат надвор од Македонија не доаѓаат и го нема тој приход кој тие луѓе го трошат во Македонија. И сето тоа не носи во огромна економска kpиза. Плус разочараноста во целиот систем, да не зборуваме за образованието, скандалозно, три-четири месеци сме без никаква платформа во образованието, каде се одржуваа каде не се одржуваа часови. Има огромна разочараност. И тој брза што ќе фати, да фати побргу, што повеќе гласови што ќе може да земе. Инаку ќе соочи со огромен дебакл на изборите, вели Таравари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.