Дали ќе бидеме ФИРОМ или Северна Македонија воопшто не е важно, ние ќе бидеме Македонци таму и не е важно кое име ќе го носиме, рече Тамара Тодевска во интервју за босанската телевизија Н1, одговарајќи на прашањето на водителот дали таа ќе биде првата претставничка на Северна Македонија на Евровизија.
Мене ми е важно да бидеме забележани и да се зборува за нас, рече Тодевска.
Македонија во Тел Авив ќе настапи на 16 мај, во второто полуфинале на „Евровизија“. Како што вели Тамара, постојано добива песни, а во тек се подготовките со повеќе автори за песните кои ќе бидат во конкуренција за претставничката композиција.
Краен рок за предавање на нумерата со која ќе настапи Тамара Тодевска е 11 мај, но од МРТ најавуваат дека песната и спотот ќе бидат готови и промовирани во втората половина на февруари.
Видеото погледнете го ТУКА