На стадионот под Тумбе кафе во Битола, Победа со високи 2:4 беше поразена од Академија Пандев.
Стрелци на головите:
За Победа: Ефремов 42.мин, Мустафов 51.мин.
За Академија Пандев: Миловановиќ 8 и 63 мин, Шиков 39.мин, Дориев 77.мин
Кога сите очекуваа продолжување на добрите резултати, струмичани им покажаа на црвено-белите дека далеку се од квалитетот за врвот на табелата.
Екипата на Горан Пандев со овој триумф го задржа врвот на прволигашката табела и се наоѓа на плус еден бод пред Вардар и Шкендија.
Прилепчани во наредното коло гостуваат кај шампионот Шкендија, а веднаш потоа во Битола гостува Вардар.
Се чини дека немањето на сопствен стадион во Прилеп ќе биде најголем проблем за Победа оваа сезона, па според прилепчани успех одново ќе биде опстанокот во Прва лига.