Тажна мака земјоделска: Македонската зелка во Шведска вреди неверојатни 3 евра за килограм, а кај нас се откупува за 6-8 денари (Фото)

Додека во Македонија раноградинарската зелка се откупува за 6-8 денари по килограм, во главниот град на Шведска, Стокхолм, македонската зелка оди скоро до 3 евра за килограм.

Фотографиите ни ги испрати нашинец кој живее во оваа скандинавска престолнина, а на истите може да се види и цената, 29,98 шведски круни, или 168 денари.

Тешка е земјоделската мака на македонскиот земјоделец, а уште потешко е кога сопствениот труд нема да им се исплати.

Пред неколку дена со ангажман на Министерството за земјоделство во струмичко беа откупени 40 тони пролетна зелка од страна на компании од Косово.

Од четири струмички села откупени биле 40 тони пролетна зелка по цена од 8 до 10 денари за килограм, информираше Митко Караиванов, откупувач од Струмица.

ТВ “24” направи репортажа од струмичкото село Сарај каде земјоделците се жалат на ниската откупна цена.

Прилогот можете да го погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.