По кратко боледување денеска почина кралицата на ромската музика, Есма Реџепова. Легендарната пејачка почина на 73. годишна возраст.
Есма Реџепова, нарекувана Кралица на Ромската музика во светски рамки, примадона на европското пеење, национален уметник, која во 2013 г. ја доби и престижната титула Национален уметник на Република Македонија, а во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем борј хуманитарни акции, денеска ја изгуби битката со болеста.