Младата италијанска манекенка Бјанка Добриу (23) е една од првите зapaзени во Болоња каде е потврден виpycoт kopoна. Таа е позитивна и денес, 56 дена откако беше зapaзeна, иако нема симптоми.
Бјанка е хоспитализирана во болницата Сант Орсол во Болоња на 28 февруари и во тој момент имала температура 40,7 степени. Истиот ден и потврдиле дека е позитивна на Koвид-19.
Пуштена е од болницата на 6 март и останала во самоизолација, бидејќи не била во критична состојба.
Од тој ден продолжила да оди на редовни тестирања и четири пати и потврдиле дека е позитивна, а само во еден случај резултатите биле негативни. Нејзиниот последен тест кои и бил направен пред една недела, исто така бил позитивен.