Сјаен викенд за Џудо Клуб Прoлeтер – Прилеп

10653998_10208524383656727_668021806_n

На 13.12.15 (недела) во Прилеп се одржа Државното eкипно pрвенство во Џудо. Екипата на Пролетер совладуваќи ги Миоки од Скопје и Сеишен од Прилеп, стана Екипен шампион во Р. Македонија во сениорска конкуренција за 2015 година. Екипата беше составена само од членови на матичниот клуб, додека во другите екипи имаше и членови од Бугарската џудо рептрезентација, кои беа земени на позајмица за ова натпреварување. На сметка на тоа џудистите на Пролетер одлично си ја обработија својата работа и го оставија срцето на татамите. За приматот екипни прваци заслужни беа: Велески Никола 60кг, Ангелов Борче 66кг, Крагуески Бојан 66кг, Паноски Марко 73кг, Илиоски Младен 81кг, Стојаноски Владимир 81кг, Димитријоски Александар 90 кг.

12367078_10208524412657452_2100370591_n

12380011_10208524416377545_808163485_n

12395366_10208524390256892_1175843313_n

Истиот викенд додека сениорите се натпреваруваа во Прилеп, под раководство на искусниот селектор и тренер на Пролетер Димитријоски Славе во Софија, на меѓународниот турнир Олимпиа, можност имааа да настапат и најмладите џудисти кои во силната конкуренција од 400 натпреварувачи се вратија со 8 медали. Најуспешни беа Петрески Мартин до 27 кг и Кироваков Марко 30кг, при што во финалето ги совладаа противниците од Грција и Бугарија. Сребрени медали освоија Павлоски Михаил 30кг и Димеска Теодора до 44кг. За трето место (бронзен медал) најдобри беа Галески Тадеј 27кг, Самарџиоска Марио 48кг, Спиркоски Давид 42кг, Георгиоски Јордан 50 кг.

6

1

2

3

4

5




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.