Здружението за заштита и одгледување на украсни птици и животни „Трагопан“ од Прилеп и оваа година ја организира традиционалната изложба на украсни птици на државно ниво.
Вљубениците во украсните птици имаа можност да видат најразлични видови на домашни и егзотични птици кои беа изложени во ЦК „Марко Цепенков“. Изложбата ја посети и градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески кој истакна дека соработката на Локалната самоуправа со здржението „Трагопан“ е на исклучително конструктивно ниво, и дека токму проектот „Рајска градина“ е заедничка успешно реализирана идеја. Воедно најубавите експонати на украсни птици беа стручно избрани и наградени.