Женскиот ракометен колектив Вардар го промовира новото име за следната сезона.
Станува збор за бекот од Прилеп, Сара Богојеска, која по одличните настапи на Куманово минатата сезона, го натера селекторот Дарко Јанев да ја повика за настап на Светското првенство за младинки.
-Црвено-црниот“ табор ќе биде посилен за младинската репрезентативка на Македонија, Сара Богојеска која доаѓа од редовите на ЖРК Куманово. 19-годишната ракометарка ќе биде засилување бековската линија на вардарки – напишаа од Вардар.
Во својата досегашна кариера Богојеска настапуваше уште и за прилепскиот ракометен клуб Деспина.