Даг Хејс од Орегон,САД оваа година на внуците им подари посебен подарок.
Изненадувањето го откриле додека се играле во дворот, а откако го видоа големиот жолт автобус, беа фасцинирани.
Пет негови внучиња одат во мало приватно училиште кое не може да им обезбеди превоз, па затоа секој ден родителите ги развозуваат децата.
-Децата го сакаат училиштето, но сакаат да имаат шанса да патуваат со шклоски автобус, рекол Хејст.
Наредната година во училиште ќе тргнат уште неколку деца, па вкупно ќе бидат 10 деца. Сите живеат на 20 минути возење од училиштето, а дедото живее на два километри.
– Ќе правам утринска тура, ќе ги соберам од дома и ќе ги одведам до училиште, а потоа ќе се вратам дома и ќе одам на работа“ рекол тој.
Вели дека е пресреќен што ќе има повеќе време да поминува со своите внучиња.