Судот во Италија пресече: Мажите постари од 40 години не можат да живеат со родителите

Процентот на возрасни Италијанци кои живеат со своите родители одамна е доста висок, а една мајка била принудена да преземе драстични мерки откако нејзините два сина – и двајцата во четириесеттите години – одбиле да ја напуштат удобноста на семејниот дом.

Неименуваната жена, која има 75 години, од градот Павија, е уморна од тоа што мора да ги издржува своите синови од 40 и 42 години и во неколку наврати се обидела да ги убеди да започнат самостоен живот, особено што се вработени.

„Но, никој не сакаше да слушне ништо за тоа!“, рече таа, според извештајот во локалниот весник La Provincia Pavese.

На мајката ѝ пречело и тоа што нејзините синови не придонесувале ниту за домашните трошоци, ниту за домашните обврски. Така таа ги однела на суд, што кулминирало со пресудата на судијката Симона Катерби, која сочувствувала со нејзината мака и издала наредба за иселување на мажите.

Во пресудата се наведува дека иако на мажите сè уште живеат дома првично им била гарантирана „родителска обврска да дадат поддршка“, тоа повеќе не е оправдано со оглед на фактот дека тие се постари од 40 години. Мажите имаат рок до 18 декември да се иселат.

Речиси 70 отсто од луѓето во Италија на возраст меѓу 18 и 34 години сè уште живеат во исто домаќинство со своите родители, според податоците од 2022 година, односно 72,6 отсто од мажите и 66 отсто од жените.
Студија од 2019 година покажа дека од младите кои живеат дома, 36,5 отсто се студенти, 38,2 отсто имаат работа, а 23,7 отсто бараат.

Иако отсекогаш постоела култура на повеќе генерации кои живеат под еден покрив во Италија, бројот на млади луѓе кои остануваат подолго во семејниот дом е зголемен во последните години, главно како резултат на тешките економски услови и долгото време потребно за да се најде стабилна работа.

Иако наредбата за иселување на наследниците е ретка, во Италија има случаи кога родителите биле изведени на суд од нивните возрасни деца кои сè уште очекуваат финансиска поддршка, пренесува РТС.

Во еден случај, во 2020 година, италијанскиот Врховен суд ја одби жалбата на 35-годишен музичар кој тврдеше дека неговите приходи од 20.000 евра не се доволни за живот и дека му требаат пари од родителите. Неговиот случај беше отфрлен, со судската одлука дека младите немаат автоматско право на финансиска поддршка од нивните родители.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.