Пратениците во Собранието ќе гласаат по одлуката за именување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Маркукуле дознава дека одлуката е веќе изготвена, а меѓу избраните членови е и Горан Сугарески.
Комисијата брои 11 членови, а на огласот беа пријавени 35 лица. Интересно е тоа што покрај Сугарески, за член е избрана и Даниела Бочварска, инаку прва братучетка на актуелниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски.
Инаку Сугарески е поранешен советник во советот на општина Прилеп, пратеник, координатор на пратеничка група, министер за транспорт и врски, директор на Царинската управа, а беше и кандидат за градоначалник на Прилеп на последните локални избори.