Сугарески со очајниот настап на “Канал 5” си ја усложни битката за второ место

Во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија вчера гостуваа кандидатите за градоначалници за општина Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески и независниот кандидат Жарко Стеваноски.

Сугарески во текот на емисијата по којзнае кој пат се пофали со реновираниот пат до вештачкото езеро во Прилеп, како и со реставрирањето на дел од патот Прилеп-Витолиште и стариот пат од Прилеп до Битола.

Сето ова според него било доказ дека во изминатите 4 години се направило повеќе отколку во претходните 12 години додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, нешто што предизвика потсмев на социјалните мрежи кај граѓаните.

Сугарески се пофали и со клучката кај индустриската зона “Алинци” која се градеше цели 3 години.

Сепак, Сугарески не одговори на клучните прашања од јавноста, а тоа се: Зошто во неговата политичка кариера не донесе барем еден инвеститор во индустриските зони?

Колку и како им помогнал на земјоделците? Зошто во Еурокомпозит го нема ветениот инвеститор и зошто се дозволи фабриката да се ограбува? Колку и како им помогна на над 12.000 пензионери во Прилеп? Зошто не ја осуди изјавата на премиерот Зоран Заев за бугарските фашисти, толку молчејќи ја оправда?

Што како министер, пратеник и функционер направи за Ромите во Тризла?

Зошто избегнува да изговори и напише Македонија?

Колку направи за образованието, културата и спортот во Прилеп?

Сето ова се прашања на кои граѓаните на Прилеп очекуваа одговори, особено од човек од власта кој претендира да стане градоначалник на една од најголемите општини во Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.