Сугарески не мирува: “Неспоредливо е владеeњето порано и сега”

OK ВМРО-ДПМНЕ Прилеп вчера на прес конференција го обвини поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески дека ја стопирал изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, по што следуваше демант од Сугарески.

„Во денешно време, патриотизмот се мери според она што сме го направиле за државата, за општината, за средината во која сме растеле и сме се граделе како личности. Притоа, со право, со посебен аршин се вага она што зад себе го оставиле најповиканите за тоа, оние чија визија и посветеност кон работата во голема мера ја одредува иднината на граѓаните – политичарите. Како некој кој бил дел од извршната власт во време кога и локалната власт во Прилеп била во рацете на СДСМ, ќе потсетам на дел од проектите кои со државни и општински пари беа реализирани на територијата на општина Прилеп:

-Изградба на клучка кај ТИРЗ „Прилеп“, вредност: 4.000.000 евра; Ревитализација на трансформаторска станица „Прилеп 1“, вредност: 1.100.000 евра; Реконструкција на стариот регионален пат Прилеп-Тополчани-Битола, вредност: 1.000.000 евра; Изградба на спортско-рекреативен комплекс кај Прилепското вештачко езеро, вредност: 850.000 евра, кој пропаѓа заради негрижата на локалните власти; Реконструкција на патот Прилеп – Вештачко езеро, вредност: 680.000 евра; Изградба на патот Волково – Прилепец – манастир „Св.Никола“, вредност 500.000 евра.

Во периодот од 2017 до крајот на 2021 година, целосно беа завршени, или пак започна реализацијата и на следните капитални инвестиции и проекти, кои се од витално значење за граѓаните и стопанските субјекти од општина Прилеп: Реконструиран храмот на фудбалот, Градскиот стадион „Гоце Делчев“; Изграден ИКТ Центар кај касарната „Мирче Ацев“; Изградена спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски“; Реконструиран булеварот „Гоце Делчев“; Од темел реконструирани Гимназијата „Мирче Ацев“ и медицинското училиште „Ѓорче Петров“; Значајни инвестиции во, без исклучок, сите основни и средни училишта; Целосна реконструирани 19 км од патот Прилеп-Фариш; Рехабилитиран патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште во должина од 16 км; Во болницата „Борка Талески“ ставен во функција апарат за магнетна резонанца; Комплетна реконструкција на Полициската станица од Општа надлежност – Прилеп; „Самоилова“ и „Војводинска“, најважните сообраќајни артерии во населбата „Точила“ во должина од 2.100 метра, прв пат после нивната изградба добија нов асфалт; Рехабилитирани клучните улици во УЗ „Гоце Делчев“ „Петта Прилепска бригада“ и „Октомвриска“ во должина од 2.000 метра; Нов лик имаат и двата кеја „1 Мај“ и „9 Септември“; Изградени и реконструирани беа и „Целе Мавроски“ и „Мице Козар“, како и голем број улици во населбите Марино Маало, Тризла, Тризла 2, Вишне, Центар, Варош, Бончејца, Рид, Корзо; Реконструирана водоводна и канализациона мрежа во должина од 25, односно 5,5 км; Нова детска градинка во населбата Точила која актуелната локална власт нема капацитет конечно да ја доизгради и да ја стави во употреба, комплетно реновирани сите постечки објекти на ЈОУ Детска градинка „Наша иднина“; Асфалтирани патишта и улици, изградени водоводни и канализациони мрежи во населените места; Изградба на експресниот пат Прилеп-Градско, односно делниците Фариш-Дреново и Дреново-Градско – стои во демантот на Сугарески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.