Сугарески не го посети ни Варош? Која е причината?

СДСМ Прилеп вчера одржале маалска средба со граѓаните од најстарата прилепска населба „Варош“, каде како што велат разговарале за најдоброто за нашата општина.

Веќе е познато дека партијата има двајца кандидати за кандидат за градоначалник. Од една страна е актуелниот градоначалник Илија Јованоски, а од друга поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Интересно е тоа што на вчерашната средба во “Варош” Сугарески не бил присутен.

Според информации од присутните оваа трибина поминала во многу тензична атмосфера. Ова е последица по се изгледа на разединетоста на СДСМ во Прилеп.

“Во изминатиот период реализирани се многу проекти во насока на подобрување на патната и комуналната инфраструктура во „Варош“, проекти кои претходно беа дискутирани со граѓаните од оваа населба. Така и ќе продолжиме. Со чесен и одговорен пристап, преку директен разговор со граѓаните да изнаоѓаме решенија за сите приоритетни проблеми и потреби, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

СДСМ работи и ќе продолжи да работи заедно со граѓаните. Продолжуваме да го слушаме гласот на граѓаните и заедно да ја креираме новата победничка понуда на СДСМ за претстојните локални избори”, велат од Секторот за комуникации на ОО СДСМ Прилеп за вчерашната средба со варошани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.