“Остануваме посветени на заложбата од Декларацијата што ја донесовме за борба против kpиминал и kopyпција, комуникацијата во партијата е одлична меѓу сите функционери, судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ. Според нашите сознанија нема вмешани функционери на СДСМ во овие случаи”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на 25-ти август минатата година.
,,Подготвени сме, доколку се докаже некаква одговорност за кој било функционер да ја понесеме одговорноста. Апсолутно нема простор кој било да биде амнестиран поради тоа што е на која било позиција во владата или во СДСМ. Остануваме посветени на тоа, а судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ”, додаде тој.
Да потсетиме дека иако истрагата за случајот “Peкет” заврши, минатата недела во јавноста излегоа други информации. Имено, во маратонскиот распит на Бојан Јованоски кај обвинителката Вилма Рускоска минатата недела, наводно тој ги открил лицата кои менаџирале со целата “akциja”.
Новинарот Бранко Героски синоќа објави дека пет лица блиски до поранешниот премиер Зоран Заев се директно вклучени во аферата. Тој наведува дека станува збор за функционерка од врвот на СДС, познат новинар, советник на поранешниот премиер, како и блиско лице на премиерот без кое не поминува ниту една бизнис зделка во државава.
Останува да видиме дали Сугарески повторно ќе излезе на прес-конференција, но овој пат да се извини за претходните изјави и да ги ocyди неговите колеги од партијата.