Оваа година планирани се преку 200 милиони евра инвестиции само во патната инфраструктура. Продолжуваме со изградба на пругата кон Бугарија, со гасификацијата, со нови проекти во комуналната инфраструктура. Не чека долга и интензивна градежна сезона, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид на реконструкција на мост на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.
„Битола – Прилеп е често споменуван пат. Најавувам дека прв во нашата држава таму ќе имаме автопат, но изграден според меѓународни правила и стандарди, таму очекувам забрзани постапки, тоа би бил првиот автопат кој според планот ќе се изгради следната година. Проектирањето ќе се изведе во текот на оваа година и следната година да имаме и градежни зафати”, истакна Бочварски.