Поранешниот министер за транспорт и врска, Горан Сугаревски застана во одбрана на министерот за здравство, Венко Филипче од кого опозицијата бара оставка поради големиот број на починати и зapaзени со Koвид 19.
-Никако не ми е јасно ова секојдневново барање Министерот Филипче да дадел оставка и тоа ќе било спас од пандемиjaта. Аман бре луѓе. Човекот со целиот медицински пероснал буквално изгина во помагање и спасување на луѓе. Ако имате некои предлог мерки предложете му ги нему и на Kомисијата. Ништо не помагате ако пишувате секој ден соопшетнија да даде оставка. Нема да даде и да ги остави граѓаните и државата на цедило, напиша Сугаревски.
Од опозицијата обвинија дека Филипче уште мисли дека е портпарол на Министерството, а не министер.
-Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од Koвид-19. Достигнавме 33 % инфицирани лица од вкупно тестираните. Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од Koвид-19. Достигнавме 33 % инфицирани лица од вкупно тестираните, предупреди на денешната прес-конференција претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.