Сугарески во едно дpyго вpeме: Влacта бега од откyпот на вишокот тyтyн (Видео)

Предизборието е секогаш добро време да се потсетиме што ветувале и за што се залагале политичарите во минатото, особено оние чии политички кариери траат повеќе од 2 децении

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески, едно време беше жесток поборник за правата на тутунопроизводителите.

Обвинуваше дека минатата власт бегала од откупот на вишокот на тутун и ветуваше “мед и млеко” за напатениот земјоделски народ.

Колку од тоа е реализирано и колку се подобри животниот стандард на тутунарите сведоци сме сите.

Ниските откупни цени за минатата реколта, неисплатените средства од петтиот Ковид пакет, редиците пред откупните пунктови…. се само дел од проблемите кои тутунарите ги посочуваа и ги посочуваат секојдневно.

Покрај тоа последно тутунарите од прилепскиот регион реагираа и на фактот што за нив нема предвидено “зелена нафта”, a постојано се жалат и на недоволната заштита од државата од невремиња и неисплатените штети.

А кога вишокот на тутун е во прашање, Сугарески треба да прошета низ селските средини и да провери дали се уште има тутунопроизводители кои чуваат тутун од минатата реколта. Ќе се изненади колку тони се останати по таваните и плевните…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.