Од оваа година Министерството за економија воведува субвенционирање на домаќинствата за вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци. Од Министерството изјавија дека за овие субвенции огласот ќе биде објавен до крајот на месецов, и ќе трае до крајот на август.
-Ќе се надоместува дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2017-та година, таа намена се обезбедени дури 20 милиони денари, при што се надоместуваат до 50 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство- информираат од Министерството за економија.
Надоместокот на дел од средствата за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци ќе имаат право да го остварат лицата кои имаат купено и вградено во своите домови ПВЦ или алуминиумски прозорци во периодот од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот оглас.
Доделувањето на надоместокот ќе се врши по принципот „прв дојден прв услужен’’, сѐ до искористување на предвидените средства во Буџетот на Република Македонија за оваа намена.