Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба и Прилеп добиваат најголема доверба од граѓаните во овие општини. Кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, за градоначалник во Тетово, има највисок рејтинг во градот. Ова го покажа анкетата на АКСИОС.
Институтот „АКСИОС“ во периодот од 24.09 до 28.09.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина/Град Скопје во Република Македонија засебно во однос на демографската средина и бројот на жители во општината/градот Скопје.
Анкетата е спроведена на нарачка на „Институтот за Социолошки истражувања, иницијатива ЛОГОС“.
Бобан Стефковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Гази Баба е во висока предност пред противкандидатот од СДСМ. Според анкетата, за него би гласале 26,8% од граѓаните, а за Георгиевски од СДСМ довербата би ја дале 20,3%.
Борче Јовчевски е кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп. За него се изјасниле дека ќе гласаат 25,4% од граѓаните. За Сугарески од СДСМ би гласале 20,7% од прилепчани.