Стeвaнaнџиja: Koлку ќе плaќaмe aкo не знaeмe aлбaнcки? Heли немаше да има kaзни? (Видео)

На денешната 111-та седница на Собранието, на дневен ред има 21 точка помеѓу кои и Предлог на законот за Инспекторат за употреба на јазиците во прво читање.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија од собраниската говорница порача:

“Koга се дискутира за ова законско решение сакам малку да се потсетиме на минатото кога се носеше ова законско решение, голем број од пратениците на СДСМ бивши координатори, сега директори во добри јавни претпријатија со огромни плати, министри, не убедуваа дека за ова законско решение не се предвидени казнени одредби, односно дека ако не се почитува двојазичноста нема да има никакви казни. Ја користам оваа прилика, бидејќи имаме стручнак од фелата, заменик министер за правда, пред македонската јавност да ги прочита казнените одредби кои што ќе бидат финансиска последица за сите оние кои нема да го почитуваат Законот за двојазичност донесен на сомнителен начин во Собранието на Република Македонија.Ве молам таксативно да ги наведите казните, за видиме што било лажна вест од Тунтев, а што било вистината денеска преточено во законско решение”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.