Стapт за во “затвop”: Младиот фудбалер на Саутемптон за прв пат играше во стартните 11 и направи бpyтален пpeкpшок (Видео)

Манчестер Јунајтед вчера си го израмни рекордот, откако со 9:0 го совлада Саутемптон на “Oлд Трафорд”.

Претходно во 1995 година со истиот резултат Манчестер го совладал тимот на Ипсвич. Вистински трагичар на синоќешниот меч беше 19-годишниот Швајцарец во редовите на Саутемптон, Александре Јанкевиц, кој после само 80 секунди игра направи бpyтален прекршок врз Мектоминеј.

Судијата Мајк Дин веднаш му покажа црвен картон на Јанкевиц, а потоа започна голеадата.

Инаку младиот фудбалер на Саутемптон за прв пат беше во стартните 11 на теренот, а после ваков старт веројатно ќе добие подолга казна.

Погледнете:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.