Богдан Заклан – Чачи (23) купил трактор во Германија, но кога дознал дека транспортот на тракторот до Хрватска би чинел 1.500 евра, а за него платил 600 евра, одлучил самиот да се превезе до својата земја.
Освен заштедата на пари, поттик на Богдан му била кладбата со негов пријател по вечера. Овој студент по економија и сопственик на селски имот во Крбавица, вели дека неговата одлука се чуделе сите. Во два дена на тракторот поминал 21 час. Поминал околу 700 километри со максимална брзина од 47км/ч.
“Тргнав во среда и возев цел ден. Застанував само на бензиска пумпа. Имаше делови на кои возев само со 20км/ч. Зад мене се создаваа колони, но не допуштив да бидат повеќе од 10 возила. Луѓето ме поддржуваа, ми мафтаа, свиреа, а имаше и по некој нервозен возач”, вели тој.
Полицијата не реагирала се до моментот кога направил прекршок. Во Австрија влегол во тунел кој бил наменет само за обични автомобили.
“Навигацијата ме однесе на тој пат. На излезот ме застана полиција, а кога им објаснив дека не знаев и дека навигацијата ме донесе тука, ми излегоа во пресрет и ми наплатија најмала казна во висина од 35 евра”, додава тој.
Преноќил во Љубљана, каде живее неговата мајка, а во четвртокот го продолжил неговиот пат од Словенија кон Кореница.
“Не ми е тешко да возам трактор, би ја повторил оваа авантура, а би заштедил и пари. На патарини, гориво и за казната потрошив само 500 евра. Но, најмногу ме весели дочекот од пријателот во Кореница и забавата”, вели за крај Богдан.