Студентите на УКИМ денеска, на Денот на патронатот, имаа герила акција со која порачаа: Книгите се вечни, власта не е!
Во план е учениците од четврто до деветто одделение и средношколците во иднина да имаат електронски учебници.
Учениците од четврто до деветто одделение и средношколците ќе имаат електронски учебници и материјали, додека од прво до трето одделение се уште ќе се користат хартиените учебници. Ова е предвидено со измените во Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали кои минатата недела ги усвои Владата. Станува збор за дел од реформите на националниот образовен систем, коишто ги најави министерката за образование, Мила Царовска.