Струјата во Албанија поевтинува за 10,5%

Во Албанија од денеска почна примената на одлуката за новата цена на електричната енергија, која е пониска за 10,5 отсто, објави вицепремиерката, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.

Според неа корист од оваа мерка се очекува да имаат 1 милион и 70 илјади претплатници или речиси 95 отсто од домаќинствата.

“Домаќинствата кои ќе потрошат до 700 киловатчасови месечно ќе плаќаат 8,5 лека по киловатчас. Оние кои ќе надминат 700 кв/час ќе плаќаат по 9,5 лека. Ќе бидат опфатени 1.070.000 претплатници или 95 отсто од претплатниците, наведува Балуку.

Регулаторниот завод за енергетика, неодамна одлучи а владата прифати цената за семејните потрошувачи кои трошат до 700 кв/ч да биде 8,5 леки за киловат. За оние семејства кои трошат повеќе од 700 киловати цената е 9,5 лека за киловат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.