(Фото/Ѕид на сообраќајниот срам)
„Струмица ОПЕН Фестивал“ годинава на плоштадот во Струмица ги донесе: хит бендот од Босна „Дубиоза Колектив“ со поддршка на струмичанецот Џамбо и Агушеви, светски познатиот ди-џеј Afishal, балканската мега ѕвезда Лепа Брена, српската најпопуларна пејачка Марија Шерифовиќ, црногорскиот хит-мејкер Саша Ковачевиќ, сеуште популарните од 80-тите „Црвена Јабука“, хрватот Тони Цетински, македонските поп пејачи Владо Јаневски, Тамара Тодевска, Зоран Илиев и Victory Band, тука се и Либеро Бенд, 2BAD и Pata Pata Recordings.
На „Струмица ОПЕН Фестивал 2018“ кој се одржа изминатитот викендот на 17ти, 18ти и 19ти Август, завршницата беше резервирана за бендот Црвена Јабука, настап кој дефинитивно ќе го памтат.
Од “верните“ струмички фанови комбето на Црвена Јабука доби канџа за непрописно паркирање. Сигурно е некој страствен фан го направил ова за да добие прилика да разговара со бендот лично.
Извор: “Инфомакс”