Во рамки на петтото коло од плеј-аут разигрувањето во ракометната Супер лига, ракометарите на Прилеп требаше да гостуваат кај Струга, но поради немање термин во сала во овој град, стружани ќе бидат домаќини во спортската сала “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп.
Натпреварот е закажан за 23.04. со почеток од 19:30часот, а прилепчани ќе имаат одлична можност да се вратат на победничките патеки по шокантниот пораз изминатиот викенд од Радовиш.
Во моментов по четири одиграни натпревари, Прилеп е втор на плеј-аут табелата со 7 бода, а Струга е на последното место со 4.
РК Прилеп досега забележа две победи над Борец и Пролет, одиграа нерешено на гостувањето кај Куманово и беа поразени на домашен терен од Радовиш.